Global Citizen објави дека ќе организира концерт во живо за да ги инспирира луѓето на глобално ниво да ја примат вакцината за Ковид-19, истовремено правејќи ја достапна низ целиот свет.
Vax Live: Концертот за повторно обединување на светот ќе ги охрабри филантропите и корпорациите да донираат „долари за дози“ во обидите да вакцинираат повеќе од 27 милиони херои од здравствената заштита кои служат на првите редови на пандемијата. Глобалното емитување и стриминг ќе ги допре и поборниците за промена да ги повикаат светските лидери да ги дистрибуираат вакцините на правичен начин.
Selena Gomez ќе биде домаќин на настанот, на кој ќе бидат изведени музички настапи на Jennifer Lopez, Eddie Vedder, Foo Fighters, J Balvin и H.E.R. Vax Live ќе се одржува во Калифорнија со поддршка од локалните оддели, ќе биде снимен пред стадионот SoFi во Лос Анџелес.
„Чест ми е што сум домаќинка на Vax Live: Концертот за повторно обединување на светот “, рече Гомез. „Ова е историски момент за да ги охрабриме луѓето ширум светот да ја примат вакцината кога ќе им стане достапна, да ги повикаме светските лидери да споделат дози на вакцини рамноправно и да ги зближиме луѓето за една ноќ музика на начин кој не беше можен изминатава година.“
Vax Live: Концертот за повторно обединување на светот истовремено ќе се емитува и ќе започне со стриминг во живо во сабота, 8 мај во 20:00 часот на ABC, ABC News Live, CBS, YouTube, iHeartMedia и iHeartRadio апликацијата. Ќе се емитува на Fox во 23:00 часот истиот ден.