Во понеделникот, La Flame им даде на фановите уште една новост за марката – соодветно именувана како Cacti – заедно со краток клип на кој, тој гостуваше.
„Ние излеговме во седиштето на Cacti “, вели Scott во клипот. „Ова е една од моите локации“.
Оттаму, Scott вкусува примероци од трите вкусови на брендот селцер (seltzer) вклучувајќи од: јагода, лимета и ананас. Тој, исто така, го разгледува процесот на производство и пакување, на крајот им порачува на обожавателите дека ова е „најдобро од најдобрите“.
Cacti ќе бидат на полиците од 15 март. Пијалокот се вари во Лос Анџелес, Калифорнија и се прави со 100 процентна врвна сина агава од Мексико. Фановите ќе можат да набават Cacti во конзерви од 350 милитри кои се продаваат во пакет од девет пијалоци, како и синглови од 470 и 730 милилитри со вкус на лимета и ананас.
Кога првпат ја објави новата марка уште во декември, Scott им рече на обожавателите дека неговата лична љубов кон текилата е клучна инспирација зад неговиот последен потфат.
„CACTI е нешто со што сум навистина горд и вложив многу работа“, рече Scott во тоа време. „Јас и тимот навистина се внесовме, не само за да го добиеме вкусот како што треба, туку и за илјадници креативни протоколи за сè, од вистинскиот пијалок, до концептот за конзервите, пакувањата и како тој да биде претставен на светот. Ние секогаш се обидуваме да пренесеме чувство во нашите производи. Јас сум навистина возбуден што го изнесов ова во 2021 година и гледам како другите луѓе можат да уживаат во тоа “.
Scott, се разбира, неодамна уживаше во многу соработки на брендови од висок профил. Почнувајќи од Been Trill и завршувајќи до McDonald’s.