Ohrid Caling оваа година започнува на 31 јули и ќе се одржува во Касарна, Охрид. Овој пат гости ќе бидат NERNO, Regard, Senidah, Sara Jo, Ofenbach, James Ryan и уште голем број изведувачи.
„Ни претставува огромно задоволство да објавиме дека по една година пауза, Ohrid Caling се враќа на вашето омилено место на фестивалот, Касарна – Охрид.“ – велат од Аволон Продукција.
Слоганот на овогодинешно издание е Take your pleasure seriously! (Сериозно сфатете го вашето заоволство!). Програмата е планирана да трае вкупно три дена до 02 август. Картите се веќе во продажба од 5 јули. Поради мерките за Ковид-19 пандемијата, од продукцијата велат дека се надеваат на максимум 4000-5000 посетители на концертите.