Иако е една од најпопуларните божиќни песни која што нема кој не ја знае или пее додека ја кити новогодишната елка, 2020 е годината кога за прв пат “All i want for Christmas” се искачи на првото место на Британската топ листа.
Божиќниот хит на Мараја Кери по 26 години од своето објавување конечно се искачи на првото место на официјалната сингл топ листа на Велика Британија. Класичната божиќна мелодија на Кери се искачи на првото место на Официјалната Топ Листа за синглови на Велика Британија, завршувајќи рекордно патување во траење од 26 години.
“All i want for Christmass” го достигнa врвот на УК топ листата во 104-тата недела и стана песна која надолго време поминала во Топ 40 пред да стане број 1 во Велика Британија.
Со ова искачување на првото место “Божиќната кралица” како што ја нарекуваат ја предводи празничната топ листа на којд од 40 песни дури 23 се со тема Божиќ.
За да го подигнете и своето новогодишно располежние преслушајте ги и останатите песни кои се најдоа на Топ 40 листата:
“Fairytale Of New York” , ’ “Merry Christmas Everyone” , “It’s Beginning To Look A Lot Like Christmas” ,“Do They Know It’s Christmas”, “Step Into Christmas”