Факултетот за музичка уметност во Скопје организира концертна серија насловена „Musica Viva на отворено“. Овој настан е дел од научно-истражувачкиот проект поддржан од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Настанот ќе започне денеска и ќе трае до 28 јуни.
Во прилог следува програмата на концертите:
26 јуни – Вокален мозаик, тераса на Музеј на македонската борба
27 јуни – Камерно-солистички мозаик, тераса на Музеј на македонската борба
28 јуни – Сонатен мозаик, фоаје на НУ Национална опера и балет
Ќе бидат изведувани дела од светската музичка литература кои ќе бидат под изведба од студентите на факултетот. Влезот на настанот е слободен.