По злосторството од омраза што се случи во Атланта, каде се пукаше кон Азијци – Американци кои работат во спа, Megan Thee Stallion и Fashion Nova се здружија со активистката May Lee за да донираат 50 000 УСД на организацијата Asian Americans Advancing Justice.
„Срцето ми се скрши заради загубата на осум лица отргнати од нивните семејства на 16 март во бесмислен, насилен напад против азијците“, напиша Megan во објава на Инстаграм. „Во спомен на овие жртви, FashionNova и јас во соработка со новинарката и азиски активистка May Lee дониравме 50.000 американски долари за Asian Americans Advancing Justice коja неуморно работи на заштита на граѓанските и човековите права на азијците во Грузија и Југоисток. Ние се солидаризираме со сите американски азијци, велејќи дека доволно е.“
На почетокот на овој месец, Robert Aaron Long ја презеде одговорноста за убиство на осум лица. После пукањето, многу славни личности и активисти се здружија да застанат заедно со азискоамериканската заедница на Пацификот, повикувајќи да се запрат злосторства од омраза врз азиците.