Проектот е натпреварувачка серија во која се бараат модели и танчери. Целта е да се најдат луѓе доволно талентирани да ја придружуваат трикратната добитничка на Греми на сцената како дел од нејзината следна екипа.
Еве го официјалниот опис на сеуште ненасловената серија: “Новата серија, следејќи ја глобалната суперѕвезда Lizzo, бара динамични, ентузијастични жени да и се придружат на нејзиниот свет и да настапат со неа на сцената. Потребни се најталентираните танчери и модели кои го имаат она што е потребно за да се придружат на турнеја и да газат на пистата“.
Lizzo исто така ја објави серијата на Инстаграм. „Каде се сите големи девојки?“ – праша таа. „Тоа е она што сакам да го знам!“
Во придружниот повик за кастингот, проектот вели дека бара луѓе „кои премногу долго биле недоволно застапени и недоволно ценети“ и додаде: „Еве ја шансата да го искористиме вашиот талент на светските сцени и да се најдете на пистата за авантурата на цел живот. Дојди како што си и не заборавај да донесеш добра енергија. Звучи интересно? Аплицирај сега “.
Шоуто е првиот најавен проект во целокупниот договор со пејачката на Truth Hurts со студиото Amazon, објавен минатиот август. Исто така, Lizzo ќе биде продуцент на сериите.