Lil Wayne ја објави својата нова песна „Ain’t Got Time“, веднаш по помилувањето кое го доби од Трамп. Судејќи по оваа песна се чини дека тој се чувствува прилично непобедливо, размислувајќи што можело да му се случи во неговиот живот и кариера во пресрет на декември 2019 година поврзано со инцидентот на аеродромот во Мајами, кој што резултираше да се изјасни за виновен за поседување наполнето оружје во приватен авион. Wayne рано изутрината на 20 јануари доби целосно изненадување од поранешниот претседател Доналд Трамп, што го спаси од можна децениска затворска казна. Адвокатот на Wayne ги негира гласините дека поддршката на раперот за Трамп била дел од тактика за помилување.
Раперот во четвртокот наутро (21.01.) објави твит со благодарност и напиша: „Сакам да му се заблагодарам на претседателот Трамп што призна дека имам многу повеќе да дадам на моето семејство, мојата уметност и мојата заедница. “
Трамп му изрече помилување на Wayne во последен момент заедно со вкупно 74 помилувања и 70 измени на казни во средата наутро неспосредно пред своето заминување од Белата куќа.