Add Your Heading Text Here
Потеклото на хамбургерот не може прецизно да се одреди, а се смета дека се појавил во првата половина на 19-тиот век.
Некои истражувачи тврдат дека овој тип на храна настанала во Хамбург, Германија. Името бургер означува замок или тврдина,
а во модерно време е поврзано со повеќе типови на сендвичи со различни типови на месо како
говедско, пилешко, рибешко, месо од кенгур и други комбинации.
Основна дефиниција за хамбургер е плескавица од месо помеѓу две парчиња на леб или лепиња. Денешниот хамбургер содржи и додатоци како салати, кромид, сосови и се служи со помфрит и ладен пијалок. Заедно со пицата, хамбургерот е еден од најпознатите оброци во светот. Практично и да не постои место во светот каде што не се продава овој тип на сендвич. Начинот на подготвување на хамбургерот варира од една средина до друга.
“Покрај состојките, за вкусен бургер потребен е и добар готвач.” – вели Шеф Никола
Најголемиот хамбургер во светот се продава во Mallie’s Sports Grill & Bar во Мичиген, тежи 84.3 килограми и чини 499 долари.
Рекордот за најголем чизбургер со сланина е 914 килограми и е направен на 2 септември 2012 година во Black Bear Casino Resort во Минесота.
Во Индија поради културните разлики, плескавицата е од пилешко месо или од зеленчук. Јапонскиот назив за хамбургер е hanbāgā и во некои азиски земји се служи со оризови плескавици.