Поминаа три години откако Jorja Smith го објави својот деби албум Lost & Found, но сега имаме вести за претстојниот проект насловен Be Right Back.
За да го одбележи официјалното соопштение, таа исто така го објави најновиот сингл Gone. Свирливата, треперлива нова песна (која ја продуцираше победникот на Греми, Rahki) е вториот сингл што ќе биде објавен од претстојниот проект, по објавувањето на првиот сингл Addicted во март. Покрај тоа, се останато е оригинално, вклучително и соработката со рап херојот од Јужен Лондон, Shaybo на песната Bussdown.
Говорејќи за Gone, Smith рече: „Има нешто во врска со можноста да се пишува за една работа и тоа да значи многу различни работи. Сакам што оваа песна, како и повеќето од моите песни, ќе се толкува на различни начини, во зависност од искуствата и чувставата на луѓето што ги слушаат“.
Be Right Back се очекува да излезе на 14 мај.