Не е тајна колку TikTok стана витален дел од музичката индустрија. Оваа апликација до одреден степен стана и платформа за објавување на новите хитови на артистите, поради заразните предизвици и танцови.
Со објавата на нејзиниот најнов симпатичен сингл, на Твитер да им даде до знаење на луѓето дека и покрај популарноста на нејзините песни на ТикТок, тоа не е нејзината цел како уметник.
„Не обидувајте се да ме изиграте. Зошто ги започнувате овие работи за TikTok. На моите последни 4 видеа дадов кореографија и на доделувањето на наградите“, твитна Cardi во понеделникот.
Раперката продолжи да објаснува дека не започнала ниту еден предизвик и танц што ги придружуваат нејзините синглови, бранејќи ги и своите врсници / артисти. Ова всушност е вистина, бидејќи повеќето од виралните танцоби кои се појавуваат насекаде на TikTok, па и на останатите социјални мрежи, всушност ги започнуваат „ТикТокерите“ како Charlie D’Amelio, Dixie D’Amelio, Addison Rae, Chase Hudson и безброј други.
„Јас не го започнав предизвикот WAP. Јас дури и не знаев како да танцувам, затоа никогаш не го направив предизвикот на прво место“, објасни таа. „Зошто сте лути што музиката на женски артисти станува дел од TikTok предизвицита, само поради тоа што луѓето навистина сакаат да танцуваат на песните???“.