Blue Ivy Carter,
ќерката на Beyoncé и Jay-Z е еден од најмладите кандидати во историјата на Греми
наградите. Во петокот на 11-ти декември осумгодишната Blue Ivy беше номинирана
за најдобро музичко видео за “Brown Skin
Girl”.
За истата нумера талентираната Blue Ivy во февруари веќе ја освои NAACP Image наградата за дует, група или
соработка, а во ноември Soul Train Award за видео на годината.
Обете награди таа ги дели со својата мајка Beyonce, Saint Jhn
и WizKid. На 7-ми јануари Blue Ivy ќе наполни девет години!
Досега, Leah Peasall од The Peasall Sisters е најмладиот номиниран кандидат за Греми наградите (истовремено и добитник), како еден од изведувачите на O Brother, Where Art Thou? кој во 2001 ја освои наградата за албум на годината. Leah тогаш имаше само осум години. Deleon Richards пак досега е најмладиот изведувач со индивидуална номинација. Таа со своите 8,5 години во 1985 беше номнирана за најдобар женски сол/госпел изведувач за својот албум Deleon.
Оваа година останатите кандидати за најдобро музичко видео се Future со “Life Is Good,” Anderson.Paak со “Lockdown,” Harry Styles со “Adore You” и Woodkid со “Goliath.”