Настанот „Car Cinema“ го организира „Торос филм студио” во соработка со Министерството за култура. Станува збор за настан во стилот на американскиот концепт на drive-in кино, каде проекциите се следат на паркинг од сопствена кола.
Во Неготино, проекциите се одржаа на 25 јуни на игралиштето од спортски комплекс „Младост”, а во Кавадарци се вечерва во 20:15 часот на паркингот до „Музички парк”, како и во Демир Хисар на игралиштето во новата населба во 20:15 часот.
Во градовите ќе се прикажува филмот „Ах, љубов моја” во режија на Коле Ангеловски и краткометражниот филм „Магнолиа” на Ана Опачиќ.