James Newman, претставникот на Велика Британија на Евровизија за 2021 година, претрпе разочарување со одлуката за нула поени за неговата песна “Embers.” Но и покрај тоа, тој уживаше во пречекот како херој во својата татковина. Newman дебитираше на Топ 40 Британската листа со “Embers”, која е третата најсимнувана песна за оваа недела досега. “Embers” се искачи на 36-то место на листата и е најдобро пласираната песна од Евровизија.
Newman очајниот резултат го претвори во златен момент кога беа објавени резултатите за неговата песна за време на финалето на Евровизија. Со пиво во рака, Британецот ја поздрави публиката во Ротердам Ахој арената, заработувајќи аплауз што обично е резервиран за победникот.
На Евровизискиот врв заврши италијанската рок-група Måneskin со „ Zitti E Buoni“ која освои вкупно 524 поени. Нивната победничка песна се наоѓа веднаш зад Newman на 37-мо место.