Оваа година Евровизија се одвива во Ротердам, Холандија. Овој град беше предвиден за изданието на Евровизија уште во 2020, но поради Ковид-19 пандемијата тоа се одложи за оваа година. Водителите за ова издание се Chantal Janzen, Jan Smit, Edsilia Rombley и Nikkie de Jager (NikkieTutorials), кои требаше да го водат и минатото издание на Евровизија 2020.
Слоганот на Евровизија 2021 е Open Up. „Почувствувајте се слободно да до интерпретирате слоганот на ваш начин. Откривме дека е важно да избереме тема што ќе го рефлектира духот на нашето време. Со слоганот срдечно ги покануваме луѓето да се отворат кон другите, кон различните мислења, приказните и секако кон друга музика.“ , велат од Евровизија.
До сега се оддржа полуфиналето, во две вечери, на 18 и 20 мај. И со гласови од публиката беа обрани и финалистите кои ќе настапуваат на финалето на 22 мај, тие се: Литванија, Русија, Шведска, Кипар, Норвешка, Белгија, Израел, Азербејџан, Украина, Малта, Сан Марино, Естониија, Чешка, Грција, Србија, Албанија, Австрија, Полска, Молдова, Грузија, Португалија, Бургарија, Финска, Латвија, Швајцарија и Данска.