Во изминатите 14 месеци, Camilo Echeverry издаде два албуми кои се искачија на врвот на топ-листите, пласираше осум хита на глобалните топ листи на Билборд и два топ 10 хита на Billboard’s Hot Latin Songs топ листите. Она што тој не беше во можност да го оствари беше турнеја.
Во текот на пандемијата, Колумбиска поп-ѕвезда во подем доживеа експлозија на бројот на следбеници на социјалните мрежи, но неговите соништа за турнеја беа во мирување. Се досега. На 21-ви мај, се пуштаат во продажба билетите за првата турнеја на Camilo во САД насловена како и неговиот неодамна објавен албум „Mis Manos“ (Моите раце). Турнејата која ќе се случува во 14 градови, почнува од Мајами, на 22-ри октомври во „ Filmore“ и завршува на 3-ти декември во театарот „Кока-Кола“ во Сан Хуан, Порторико.
„Ова е прв пат на сцена да ги изведувам моите песни со мојот бенд“, изјави Camilo за Билборд и вели: „Очекувањето да ги погледнам моите обожаватели во очи и да ги натерам тие да погледнат во моите очи и да ги пеат моите песни, кои се химни на надеж, ја прави оваа средба речиси мистична“.