Градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ, изјави дека поради успехот од масовната вакцинацијата во Србија, фестивалот EXIT има можности да се одржи ова лето.
„Одржувањето на EXIT ќе биде симбол на победата на Србија над пандемијата“ вели градоначалникот, кој е член на Националниот кризен штаб за борба против пандемијата и додаде дека „ EXIT е од огромно значење за туризмот и промоцијата на земјата“.
Влезот ќе биде овозможен за сите оние кои се вакциниран и кои го прележале вирусот. Додека пак, за останатите ќе има брзи и исплатливи тестови, кои ќе бидат организирани во посебна зона во близина на влезот на самиот фестивал.
Од EXIT најавуваат дека наскоро ќе имаат уште информации за изведувачите на фестивалот, и до сега сметаат дека ќе има околку 40 бини и зони низ целиот фестивал. Планот е фестивалот да се оддржува од 8 до 11 јули на Петроварадинската тврдина, а главните ѕвезди кои ќе учествуваат на настанот се: David Guetta, DJ Snake, Tyga, Eric Prydz b2b Four Tet, Paul Kalkbrenner, Nina Kraviz, Boris Brejcha, Sheck Wes и многу други.