Драмскиот театар го прослави својот 75-ти роденден. Но, овој роденден за разлика од претходните, го прослави без публика поради пандемијата Ковид-19.
Театарот е формиран уште во 1946 година, како куклен театар во рамките на Македонскиот народен театар. Во 1957/58, под раководство на Ристо Стефаносвски, театарот се реорганизирал во Младинско-детски театар, кој своите претстави ги играл на две сцени: младинска и детска.
Првата претстава која била одиграна била „Доживувањата на Николетина Бурсаќ“ во режија на Петре Прличко, во 1960 година. По земјотресот во 1963 година театарот извесен период немал своја зграда, но се преселил во монтажниот објекто, кој бил донација од Британската амбасада.
„75-иот роденден за жал не можеме да го наречеме среќен и да го прославиме на начин како што му доликува на Драмски: со сите актери на сцена, со цела техника, со полн салон, со аплауз. Но, со надеж и верба дека оваа празнотија во театарот е привремена, ние работиме и чекаме нашата енергија, талент и магија да ги споделиме со оние на кои им е наменет театарот – публиката!
75 години овој театар живее и го чува духот на сите големи актерски имиња кои го полнеле храмот на уметноста со смеа, солзи, аплаузи. Денес е роденден на Драмски. Му посакуваме сите следни родендени да бидат прославени со цел ансамбл, со полн салон, со љубов“ вели директорката Коцевска Хаџи Василева.