GUESS се здружува со уметничкиот колектив – FriendsWithYou за новата колекција што започнува заедно со кампања во која главната улога игра суперѕвездата на регетон Ј Balvin.
Колекцијата содржи шарени дизајни кои имаат за цел да донесат радост и да шират позитивност, совршено наредени со карактеристичното шарено модно чувство на Balvin. Ова е најновата соработка помеѓу Guess и Friends WithYou, која ја основаа Samuel Borkson и Arturo Sandoval III со намера да предизвикаат среќа. Кампањата е достапна да се провери сега, иако вистински ќе започне на 15 април, на одбрани локации на Guess и на глобално ниво преку Интернет.
„ GUESS ги здружи силите со FriendsWithYou за да предизвика движење – можност да го обликуваме нашиот свет да биде среќно место, место каде што сè е ‘пријателско’“, рекоа основачите на FriendsWithYou, Samuel Borkson и Arturo Sandoval III. „Ние веруваме дека заедно можеме да создадеме мирен и радосен свет со славење на нашите различности и заеднички работи“.
Колекцијата е составена од разни шарени парчиња за мажи и за жени, со многу везови и живописни дизајни. „ Ние секогаш гледаме да ги инспирираме нашите клиенти“, рече директорот, Nicolai Marciano. „Ние сакаме нашата облека да предизвика чувство на прослава. Наша цел е да ги разбудиме луѓето не само за производот, туку за сопствениот креативен израз и новите перспективи на уметниците ширум светот. Оваа колекција е прослава на FriendsWithYou и уметноста што тие ја носат на светот “.