По успехот на неговото прво лансирање под-етикетата Nike NOCTA минатата година, Drake во вторникот (6 април) ја претстави втората колекција.
Линијата на функционални пуфер јакни, тренерки, елеци, и чорапи, доаѓа во елегантен стил и тоа во црна, бела и жолта боја – комплетирани со џебови и торбички со патенти. Линијата во моментов е распродадена на веб-страницата на NOCTA. Но, ставете си потсетник во вашите календари бидејќи колекцијата ќе биде достапна повторно на веб-страницата на Nike.