The Weeknd објави дека донира 1 милион долари за ослободување од глад во Етиопија. Парите ќе обезбедат два милиони оброци за оние на кои им е потребна помош од храна во услови на постојан конфликт меѓу владата и регионот Тиграј.
„Срцето ми се крши за мојот народ во Етиопија, бидејќи невини цивили, почнувајќи од мали деца до стари лица, бесмислено се убиваат, а цели села се раселени од страв и уништување“, напиша тој на Инстаграм.
The Weeknd додаде: „Ќе донирам 1 милион американски долари за да обезбедам 2 милиони оброци преку Светската програма за храна на Обединетите нации и ќе ги охрабрам оние што можат да донираат да го направат тоа.“
The Weeknd, чие вистинско име е Abel Tesfaye, е роден во Канада, но е син на двајца имигранти од Етиопија поради што оваа проблематика лично го допира.
Во јуни 2020, тој донираше 1 милион долари за помош на погодените од пандемијата на коронавирусот, како и 500.000 американски долари на непрофитни организации посветени на расна еднаквост. Тој исто така обезбеди 300.000 УСД на жртвите од експлозијата во Бејрут, Либан, во август.