Хит синглот на Olivia Rodrigo – Drivers License станува сè поголем и поголрм, бидејќи стана првата песна што надмина 1 милијарда глобални слушања во 2021 година, според бројките пријавени за MRC Data.
Мелодијата, која мина осум недели на првото место на Billboard Global 200 табелата, се искачи над 1 милијарда единици во крајната неделата на 25 март. Таа недела, песната собра 54,42 милиони глобални аудио и видео слушања и гледања, вкупниот збирен износ за песната е 1,033 милијарди.
Drivers License продолжува да ја води 2021 година како најстримирана песна на годината на глобално ниво. Број 2 со најстримирана песна на годината е Dynamite на BTS со 685,98 милиони.
Drivers License беше издадена на 8 јануари и исто така беше на првото место на Billboard Global со исклучок на САД за девет недели, како и на Billboard Hot 100 на истото место во САД осум недели.
Rodrigoго објави својот нов сингл Deja Vu во четвртокот, 1 април. Нејзиниот деби албум, *O*R, треба да биде објавен на 21 мај.