Нежната акустична кантри мелодија, која беше напишана во 2008 година за време на сесиите на снимањето на нејзиниот албум Fearless, е прва од серијата песни наречена From the Vault, која таа планира да ја објави заедно со нејзините шест повторно објавени албуми. “Едно нешто што го сакам во врска со овие From the Vault песни е дека досега никогаш не биле слушнати, па можам да експериментирам и да вклучам некои од моите омилени уметници”, напиша Swift на нејзините социјални медиуми кога таа за прв пат ја објави песната во средата.
Нејзините фановите, обидувајќи се да го протолкуваат значењето на текстот, развија теорија дека песната е за нејзиниот поранешен дечко Joe Jonas со кого таа беше во врска во 2008-ма.
Музичката икона додава: ” Fearless беше албум полн со магија и љубопитност, блаженство и уништување на младоста. Тоа беше дневник на авантурите и истражувањата на тинејџерка која учеше мали лекции со секоја нова пукнатина во фасадата на една бајка што завршува”.