BTS соборува светски рекорд по светски рекорд оваа недела, а нивниот последно срушен Гинисов рекорд следеше по големите победи на Nickelodeon 2021 – Наградите за деца.
Во саботата (13 март), BTS однесе дома три награди на шоуто за: омилена музичка група, омилена глобална музичка ѕвезда и омилена песна за нивниот Billboard хит број 1 – Dynamite. Гинисовите рекорди објавија во петокот (19 март) дека BTS уште еднаш влезе во историјата постигнувајќи најмногу награди на изборот на деца, како музичка група, со вкупно пет досега. Пред нивната плодна 2021 година, машката к-поп група ја освои наградата за омилена глобална музичка ѕвезда во 2018 година и омилена музичка група во 2020 година.
Виртуелните Nickelodeon – Награди за деца 2021, соборија свој рекорд за најголем број луѓе кои истовремено на Интернет ги следеа наградите.
Гинисовите рекорди објавија претходно оваа недела, во вторникот, дека групата постигнала „најголем број симултани гледачи на музичко видео на YouTube Premieres“, откако 3 милиони гледачи се вклучија да го гледаат нивниот разнобојно музичко видео – Dynamite.
Самиот сингл Dynamite претходно собори уште Гинисови рекорди од објавувањето на 21 август, вклучувајќи го и најгледаното музичко видео на YouTube во рок од 24 часа од к-поп група и најгледаното музичко видео на YouTube во рок од 24 часа.