Помалку од 24 часа откако веста за разделбата на двојката се прошири како пожар, J-Lo и A-Rod, наводно, објавија заедничка изјава во која најавуваат дека ќе останат заедно.
„Работиме на некои работи“, рекоа Lopez и Rodriguez во заедничката изјава добиена од магазинот People. Ѕвездите исто така за TMZ велат: „Сите тие информации се неточни“.
Двојката се вери во март 2019 година по околу две години врска. Додека пак, веста за нивното раскинување прво беше објавена во петокот (12 март).
51-годишната пејачка и актерка моментално снима филм во Доминиканската Република, каде што на крајот на февруари објави фотографија на која се забавува со Rodriguez (45). A-Rod исто така ја придружуваше Lopez до Вашингтон, за нејзиниот настап на инаугурацијата на претседателот Joe Biden на 20 јануари, опишувајќи го како „иконски момент“ што тој „никогаш нема да го заборави“.
За време на своето појавување во шоуто на Ellen deGeneres во април 2020 година, Lopez се осврна на тоа како пандемијата влијаела на нејзините свадбени планови. „Искрено, навистина не знам што ќе се случи сега, што се однесува до датумите или нешто слично“, рече таа „Ние сме некако во шема на „пауза“ како и остатокот од светот.“
Минатиот месец Lopez за печатот соопшти дека застојот поради пандемијата, им овозможи на неа и на Rodriguez „да работат на врската и на самите себе“ со посета на терапија.