МКЦ Скопје ги најавуваат завршните активности за дигиталениот театарски фестивал The Chorus Project, кој заедно со Апстарт Театар од Лондон го организираат од 12 до 14 март.
Во тие три дена во фокус ќе биде интерактивната онлајн работилница „Мали директни акции“. На истата ќе може да се истражуваат можностите за вмрежување и финансирање на различни проекти.
„Во работилницата ќе бидат вклучени наши културни организации како и од земјите партнери на проектот. The Chorus Project се затвора на 15 март 2021 година. По завршувањето на проектот, сите заеднички активности ќе бидат достапни на едно место, на нашата веб-страница“,велат тие во најавата за фестивалот.
Билетите може да се купат на страната на МКЦ и се движат од 300 до 450 денари. Ќе бидат прикажувани четирите делови на „Орестија“.
*целата програма исто така можете да ја погледнете на нивната веб страна.