Bobby Shmurda е ослободен од затвор. Bobby беше ослободен од Воспитно-поправната установа Клинтон нешто пред 8:30 часот во вторникот (23.02) наутро.
Како што претходно беше објавено, Bobby беше квалификуван за условно ослободување, што значи дека ќе го издржи остатокот од казната под надзор до датумот на истекување на истата на 23-ти февруари 2026 година. Неговото условно ослободување вклучува не напуштање на која било област дефинирана во писмена форма од страна на службеник за условно ослободување без дозвола.
Пред објавувањето на новоста, Bobby сподели порака со фановите на Инстаграм.
„Ви благодарам што останавте лојални и што ја издржавте оваа шестгодишна казна со мене“, се вели во пораката споделена во негово име. „Ве сакам сите и со нетрпение очекувам да се видиме наскоро“.
Што се однесува до плановите на Bobby, неговата мајка Leslie Pollard за рано оваа недела изјави дека нејзиниот син прво ќе ужива во квалитетно време со семејство, пред да се врати во креативниот процес.
Фановите исто така можеа да го видат неговиот прв оброк по ослободувањето, како и емотивниот видео повик со неговата мајка.