Публиката сè уште разговара за деталите на неодамнешниот документарец Framing Britney Spears. Но, слично на конкурентните документарни филмови на Fyre Festival, Netflix излегува со свој поглед на животот, кариерата и конзервзиите на Spears.
Приказната за Spears останува вжештена тема, особено затоа што личноста на поп-ѕвездата останува многу контролирана и контроверзна. Иако документарецот го доби својот удел критики, позитивни и негативни, се покрена и гласеното движење #FreeBritney. Дел од публиката беше разочарана, бидејќи серијата не ги разгледуваше реалните проблеми околу контроверзиите и пречките во животот на Britney Spears.
Околу Spears имаше контроверзии поради серија настани уште во 2007 година, кои оставија многумина да претпоставуваат дека не е во состојба да се грижи за себе. Од тогаш нејзиниот имот го управувал нејзиниот татко James Spears, што според многумина е штетно за здравјето на пејачката. Spears нема настапувано веќе од 2017 година, наводно затоа што не е задоволна од нејзиниот татко да управува со нејзините работи.
Дали овој документарец ќе се оствари или не, останува да видиме. Со оглед на целата ситуација и популарноста на темата, секако е вистинското време Netflix да се приклучи на „возот“. Но, прашање е дали правните проблеми ќе го забранат ова.