Meghan Trainor на Денот на вљубените (14 февруари) објави дека пристигнало нејзиното прво дете – а малечкото се роди неколку дена порано.
“Терминот за породување на ова слатко машко бебе беше денес на Денот на вљубените. Но, ние го запознавме во понеделник, 8 февруари! Ние сме толку вљубени во ова мало човече!”, сподели пејачката на Инстаграм заедно со неколку фотографии од своето машко бебе “Ви благодариме на Daryl Sabara (нејзиниот сопруг) за најдобриот подарок на Денот на вљубените! Добредојде на светот Riley!”
Sabara, исто така сподели фотографии од нивното мало момче на Инстаграм, заедно со уште неколку детали, истакнувајќи дека Riley тежел 3.3 kg.
Trainor уште во октомври објави дека парот го чека своето прво дете. „Сите знаете колку долго го сакав ова!!!!“ напиша таа во својата објава, на која имаше слика од нејзиниот ултразвук сместен во гранките на една убаво украсена новогодишна елка.