Kali Uchis е колумбиско-американска пејачка. Таа првично го привлече вниманието на музичката индустрија со својот микстејп во 2012 година, Drunken Babble. Нејзиниот микстејп од страна на музичките критици беше опишан како „жанровски пркосен“.
Kali го издаде својот прв албум Por Vida во 2015 година. Нејзиниот деби студиски албум Isolation беше објавен во 2018 година со големи признанија. Најновиот и нејзиниот втор студиски албум е Sin Miedo (del Amor y Otros Demonios) кој беше објавен во 2020 година. Меѓу другото ова е нејзиниот прв проект на шпански јазик, како инспирација од колумбиското потекло.
Kali изјави дека е под влијание на музиката од 60-тите години, од мешавината од ран soul и R&B, таа вели: „Музички и естетски, таа култура е она што ме инспирира“.
Таа има соработувано со артисти како Tyler, the Creatot, Daniel Cesar и Steve Lacy. Со нејзиниот албум Isolation таа вистински се проби на музичката сцена. За голем дел од нејзините фанови овој албум е најдобриот меѓу останатите.
Добар дел од нејзиното музичко творештво има позитивно расположение и покрај тематиката и текстот на самите песни. Често зборува за поранешни врски, нејзините ставови за љубовта и романтиката.
Ако сакате да се релаксирате, но истовремено да се забавувате со музиката, Kali Uchis го овозможува токму тоа. Особено доколку барате музика од жанрот на hip-hop и R&B, со мал twist-пресврт на latino.