Албумот Serenity кои фановите на Bryson Tiller го чекаат уште од 2017 година, всушност ќе биде албум од три тома. Фановите ќе треба да почекаат уште малку до неговото објавување, но Bryson вели дека навистина вреди да почекаат.
За време на неодамнешното емитување на Twitch, пејачот номиниран за Греми им даде на фановите брзи информации и update на долгоочекуваниот албум, кој започна да го создава уште во 2017 година. Tiller откри дека неколку пати ја паузирал Serenity изминативе неколку години затоа што тој не беше во добра кондиција да го заврши. Но, поради одолговлекуваниот процес, Tiller се соочи со многу материјал што не сакаше да го остави, па донесе одлука да го создаде Serenity во три тома (дела).
„Сфатив колку многу музика имав за Serenity“, рече тој. „Значи, Serenity веќе не е еден албум, туку се три албуми, или албум од три тома. Еден е рап албум, еден е R&B албум, а потоа еден е поп албум “.
Иако не можеше да даде точен датум на објавување, Tiller рече дека проектот веројатно нема да се појави дури следната година, бидејќи тој сè уште ги смислува и довршува работите со својата издавачка куќа.