Веднаш по објавувањето на песната “Up” на Cardi B. во петокот на 05.02, двајца артисти од Њу Џерси, Mir Pesos и Mir Fontane, ја обвинија раперката од Бронкс дека ја копирала нивната песна од 2020 година “Stuck“.
Обвинението е насочено кон делот од новата песна каде Карди рапува: „Ако е горе, тогаш е горе, тогаш е горе, тогаш е заглавено“, додека кај Mir Pesos и Mir Fontane, репликата „горе е заглавенo“ се повторува за време на рефренот во слична каденца со Cardi.
Двајцата рапери од Њу Џерси го објавија музичкиот спот за “Stuck“ на 15 септември 2020 година преку YouTube. Cardi одговори на обвинението повикувајќи се на сесијата во живо на Инстаграм на 7 август 2020 година со Megan Thee Stallion каде што првично е емитуван дел од „Up“. Како одговор, Mir Fontane истакна дека тој и неговиот соработник првично ја емитувале “Stuck“ во видеото објавено на 6 август 2020 година, еден ден пред сесијата на Cardi и дека истата е снимена многу порано.
Што ќе се случи понатаму со овој случај се уште не е јасно, но изгледа дека и двете страни не се многу „погодени“од целата ситуација. Сепак изгледа дека се е под контрола, со оглед на тоа дека на двете страни им прилага публицитетот.