Новото видео на Meghan Thee Stallion беше објавено доцна вечерта на 03.02 со насловот Cry Baby. Ова музичко видео повторно ја обедини Meghan Thee Stallion со Colin Tilley, режисер,кој стои зад видеата на нејзините синглови WAP, Body и Don’t Stop.
Песната Cry Baby за прв пат се појави на деби албумот на Meghan во 2020 година, со насловот Good News. Од објавувањето на проектот, Cry Baby наводно продал повеќе од 70.000 примероци во САД.
Гостин на оваа песна е раперот DaBaby. Meghan и DaBaby претходно работеа заедно на песните Nasty и Cash Shit. Постои можност двајцата да објават и други, нови синглови во иднина. За време на интервјуто со SiriusXM минатата година, Meghan рече дека е отворена да направи комплетен проект од соработка со раперот, и дека веќе разговарале и детално за тоа.
Официјалното музичко видео е вистинско визуелно патување. Во ова творештво на Tilley се прикажани силни бои, пропрскани низ продавница за психоделични играчки исполнета со секаков вид играчки. Ефектот е нешто како Алиса во земјата на чудата, но за возрасни.
Од објавувањето на песната, таа има собрано над 120 милиони слушања и го запали интернетот со предизвикот #CryBabyChallenge.