Jorja Smith е англиска пејачка истоверемно и текстописец, родена во јуни 1997 во Walsall, West Midlands. Нејзиниот деби студиски албум, Lost & Found, беше објавен во 2018 година и се искачи дури на третото место на табелата во Велика Британија. Доби навистина значајно признание од критичарите и подоцна таа година таа ја освои наградата Brit Critics’ Choice Award. Во 2019 година беше прогласена за најдобар британски женски артист на Brit Awards во 2019 година. Подоцна таа исто така беше номинирана за Grammy за најдобар нов изведувач.
Таа е активна на музичката сцена уште од 2016 година кога го објави својот прв сингл Blue Lights, кој беше дел и од нејзиниот прв студиски албум. Попознатите песни како дел од нејзиното досегашно музичко творештво се On My Mind, Be Honest, Goodbyes и Teenage Fantasy, меѓу другите. Smith вели дека нејзините песни повеќе се однесуваат на социјални теми: “Кога работите се одвиваат во светот, важно е да ги опфатите и нив, бидејќи како музичар, може да ги натерате луѓето да слушаат. Штом луѓето ја слушаат вашата музика, го имате и нивното внимание “.
Нејзините најново објавени песни се By Any Means, во која зборува за движењето Black Lives Matter, и Come Over, на која гостува Popcaan.
Jorja има навистина лесно препознатлив глас, со кој разбирливо ја пренесува емоцијата во песните. Ова се забележува во повеќето нејзини песни. Доколку сте љубител на британската музичка сцена, особено на R&B жанрот и ако сакате да слушате нежен, но истовремено моќен глас, тогаш Jorja Smith е вашиот артист.