The Office е американска телевизиска серија – документарец (mocumentary) ситком која го прикажува секојдневниот работен живот на вработените во канцеларијата во Скрантон, Пенсилванија, филијала на измислената компанија за хартија Дандер Мифлин (Dander Mifflin). Се емитуваше на NBC од 24 март 2005 година, до 16 мај 2013 година, со вкупно времетраење од девет сезони. Тоа е адаптација на британската верзија на истоимената серија на BBC 2001–2003 година, адаптирана за американската телевизија од Greg Daniels.
Американската верзија на The Office стана навистина многу поголем успех од оргиналот. Главниот лик Michael Scott кој го игра легендарниот Steve Carell, вели дека не ја гледал оригиналната верзија бидејќи не сакал да има влијание од Ricky Gervias, актерот/комичарот кој го игра главниот лик на британската верзија.
Оваа хит серија беше емитувана на Netflix до декември претходнава година, додека не беше откажана. Поради што фановите беа навистина разочарани и го „поплавија“ интернетот со memes од самата серија. Но, наводно од NBC се надеваат дека серијата ќе се врати кај нив да се емитува во јануари.