По осум години, албумот „Good Kid, M.A.A.D City“ на артистот Kendrick Lamar е повторно во топ 10 албуми на продажната листа на Billboard.
Албумот беше објавен во 2012 година, и го покачи своето место на листата на 9 јануари, благодарение на силната продажба на vinyl албумите (плочите). Албумот се продаде во 8.000 примероци во САД во последната недела во декември 2020 година, според податоците продажбата на плочите ја сочинува ефективно целата сума. Иако албумот имаше пад во продажбата, исто така имаше и секој друг албум во топ 10 листата, така што оние комплети со најмало опаѓање всушност се искачуваат на табелата. Вкупната продажба на албуми падна за 42,5% во текот на неделата, така што „ Good Kid, M.A.A.D City “ го победи овој индустриски пад.
Good Kid дебитираше и се искачи на 2-то место на топ-продажната листа албуми на 10-ти ноември 2012 година. Последен пат кога беше меѓу првите 10 на топ-листата на 24-ти ноември 2012 година, но потоа се најде на 9-то место.
Good Kid беше силен продавач на плочи во текот на целата 2020 година, ја заврши годината како број 10 албум со најголем број продадени изданија плочи (продадени 117.000) и најпродаван рап албум на годината (продаван на плочи). Вкупно, од неговото издавање, Good Kid продаде 1,98 милиони копии на CD, vinyl LP и дигитални преземања (downloads), од кои 341,000 беа продадени плочи.