BROCKHAMPTON е американска алтернативна хип-хоп група основана во СанМаркос, Тексас. Оваа група момчиња првично започна во 2010, но потоа се ребрендираше и стана BROCKHAMPTON во 2014. Под водство e на Kevin Abstract и делумно формирана преку онлајн форумот „KanyeToThe“.
BROCKHAMPTON е „self proclaimed машки бенд“ во обид да го редефинира истиот термин. За разлика од повеќето американски бендови кои содржат релативно мал број артисти, овој бенд содржи дури 13. Често пати кога ќе се слушне поимот бенд се мисли на бендови од поп или рок културата, но BROCKHAMPTON е меќу поретките бендови во хип-хоп културата.
Групата го издаде својот прв микстејп All-American Trash во 2016 година. Нивниот деби студиски албум, Saturation, беше објавен на 9 јуни 2017 година, проследен со Saturation II на 25 август и Saturation III на 15 декември. На 18 јули 2019 година, официјално го објавија својот петти албум, Ginger кој подоцна беше издаван во август.
Стиховите на нивните песни се лесно препознатливи, како и нивните музички видеа кои се цели „уметнички дела“ сами за себе. Иако се голем број артисти, барем за еден бенд, тие имаат изјавено дека сите членови вложуваат поденакво труд и дека сите тие се подеднакво заслужни за нивните успеси.
Оваа група момци дефинитивно е една од поуникатните, невообичаени и оригинални групи во последниве неколку години. Нивниот стил, рап и минато ги истакнува меѓу останатите, но и ги прави допадливи за оваа генерација љубители на хип-хоп.
Доколку сте фан на хип-хоп, добар рап и ако сакате да слушнете нешто поразличен бенд, творештвото на BROCKHAMPTON е она што ви треба вам.