Во петокот на 18 декември Кристина Агилера наполни 40 години, а оваа пресвртницата во својот живот таа ја одбележува со поинаков начин на размислување, но со истото убиствено тело. Кристина ја прифати 40-тата во црно-златно боди кое го носеше додека шеташе дома во новото видео со хитот „Body“ на Megan Thee Stallion во позадина.
Пејачката
открива како пристигнувањето во новата деценија од својот живот ја натерало да
се чувствува во писмото што го упати во врска со својата возраст. „Драги 40,
Колку убав концепт … не само да се „свтри“ 40-ка, туку и да СТИГНЕТЕ до 40
години!“ ја
започна својата порака таа. „ Околу стареењето постои оваа постојана социјална стигма, но јас СЕКОГАШ
го прифаќав! … Слушнав како се вели дека најубавиот живот се живее во 40-тите
години. Јас навистина верувам дека најдоброто допрва доаѓа и јас сум подготвена
за тоа.”
На почетокот на неделата, Кристина се појави на
шоуто „Late Night with Seth Meyers “ со своја
празнична изведба на „The Christmas Song“. Благодарение на Vivienne
Westwood таа блескаше во празничен аутфит кој се состоеше од блескав блејзер
обложен со повеќебоен принт, соодветни панталони и светкав ланец. Во вториот
круг, „ The Christmas Song“ стана скоро непрепознатлива и премина во нешто што
може да се опише само како „ The Christ(ina)mas Song“,
изведено во стилот една од најталентираните вокалистки.
Кристина го најави љубилејнито 40 роденден со објава на видео од виралниот Tik TOk хит на Меган Ти Сталион “Body” во кое Агилера облечена во кожен црн костим ги прави познатите движења од Меган.