Леброн Џејмс НБА ѕвездата од Л.А. Лејкерс со објава на својот инстаграм профил потврди дека покрај на кошаркарските терени ќе го наследи славниот Мајкл Џордан и на филмското платно снимајќи го токму продолжението на популарниот филм Space Jam во која главна ѕвезда беше Мајкл Џордан.
Леброн го објави 16 Јули 2021 година како датум кога ќе биде премиерно прикажан “Space Jam: New Legacy” во кино салите. Според ова, Space Jam 2, доаѓа по љубилејни 25 години од премиерата на првиот Space Jam филм, во кој Мајкл Џордан со тимот од јунаци од Looney Tunes го победи тимот со чудовишта/вонземјани.
Иако за новото продолжение сеуште не се откриваат многу детали, и сеуште не е објавен трејлер, се очекува приказната да се развива во сличен стил како и првиот дел.
Според најавите, овојпат Леброн нема да го спасува светот, туку неговата мисија ќе биде да го пронајде својот син Брони (Кејаир W. Рајт) додека се спротивставува на злобниот АИ-Г, кој го игра Дон Чидл, кој претходно се изгубил поради губење на довербата кон неговиот татко. Самиот Леброн најавува дека ова не е обичен семеен филм, него напротив испраќа силна порака за родителствтото и односите “татко – син”.
Со ова, напишана од Рајан Куглер и Сев Оханиан, новата приказна звучи како да има повеќе втемелен човечки елемент отколку првиот дел, кој што беше приказна за откачени киднапери со многу малку човечки елементи.
Покрај Леброн Џејмс, најавени се уште и ѕвездата на Авенџерс Don Cheadle, исто така се очекува и гласот на Ерик Бауза повторно да биде позајмен за оживување на анимираните ликови Багс Бани и Дафи Дак.
Режисерот на „Црниот пантер“, Рајан Куглер, е продуцент на филмот, а исто така има удел и во пишување на сценариото заедно со претходниот соработник Сев Оханијан, додека режисер ќе биде Малком Д. Ли – откако претходниот режисер Теренс Ненс се повлече во јуни 2019 година.