Jennifer Lopez во неделата на 15-ти ноември ја доби наградата за икона на годината на People’s Choice Awards за 2020 кои се одржаа во Тhe Barker Hangar во Санта Моника, Калифорнија.
Педесет и едногодишната пеачка доби признание за се што прави низ својата триесет годишна кариера: пеење, танцување, глума. Таа исто така е и продуцент, дизајнер и мајка на две деца.
Првите честитки за наградата пристигнаа како видео пораки од нејзините пријателки Renee Zellweger и Nicole Kidman. Зелвегер истакна дека Лопез со децении, како и оваа измината година, ги надминува границите со своите шоу емисии, музиката, со семејството и застапувањето, зајакнувајќи ги жените, што ја прави креативен визионер, инспирација и вистинска икона.
J-Lo имаше емотивно обраќање за предизвиците за сите во изминатата година, споделувајќи и инспиративна порака за младите девојки. „Како Латино и како жена, ние треба да работиме двојно повеќе за да ги добиеме можностите. Понекогаш моите големи соништа и моите амбиции ги прават нервозни луѓето околу мене. ‘Не може да бидеш актерка. Ти си актерка, зарем сакаш да пееш? Ти си уметник, нема да те сфаќаат сериозно како деловна жена. ’ Колку повеќе тие ми велеа дека не можам, толку повеќе знаев дека можам” рече таа.
Пејачката бележи огромен успех низ годините. Од издавањето на нејзиниот прв албум во 1999 година, Лопез продаде повеќе од 75 милиони плочи ширум светот. Sвездата има 10 песни кои ги достигнаа топ 10-те Billboard листиt и два албуми број 1 на Billboard 200