50 Cent доби негативни критики од локалните официјални лица во Флорида откако во петокот вечерта приреди забава по повод Super Bowl, каде што присутните како да заборавија дека сме среде пандемија.
Загриженоста на здравствените службеници за викендот на Super Bowl беше јасно оправдана со оглед на целата ситуација насекаде низ светот. Но, покрај тоа 50 Cent беше домаќин на забава на приватен аеродром во Санкт Петербург, тотално игнорирајќи ги безбедносните протоколи за COVID-19. Фотографиите објавени од TMZ покажаа дека на настанот немало ниту една маска во просториите додека толпата се забавувала и навивала пред натпреварот помеѓу Tampa Bay и Kansas City.
„Мислам, гледај Super Bowl на ТВ, уживај. Направете забава во вашата куќа, со вашето семејство, со луѓето што се таму “, се изјасни новинарот Fauci за Добро утро Америка. „Но, вие правите забави со луѓе со кои не сте имале многу контакт, едноставно не знаете дали се заразени. Па колку и да изгледа тешко, барем овој пат воздржете се малку со журкањето.“
50 Cent не беше единствениот уметник во Јужна Флорида за време на викендот што ги избегнуваше и кршеше правилата на CDC (Центарот за контрола на заболувања и нивна превенција). За време на прославите на Super Bowl пред многу луѓе, настапија и диџејот Steve Aoki, Migos, Rick Ross и Tory Lanez.