Долгото чекање за домашната турнеја на групата 5 Seconds of Summer ќе продолжи. Тие ги поместија датумите за турнејата која требаше да се остварни низ неколку градови во Австралија.
„Поради неодамнешните објави на австралиската влада, 5SOS – No Shame 2021 Tour се презакажува“, стои во соопштението на Live Nation, нивната продукциска куќа.
Турнеја на 5SOS требаше да трае седум дена низ седум града низ Австралија. Првичниот датум на кој требаше да започне беше 19 март во Sidney Myer Music Bowl во Мелбурн, но ќе биде презакажана за почетокот на 26 ноември.
Вакват турнеја на 5SOS беше објавена во февруари 2020 година, но здравствената криза ги закочи овие планови и датумите беа поместени за во 2021 година.
„Во интерес на безбедноста на фановите, решивме да ги закажеме нашите претстојни австралиски датуми за подоцна во текот на годината. Ве молиме, зачувајте ги вашите билети “, стои во соопштението на бендот на социјалните мрежи.
„Извинете за чекањето, но ние сме толку возбудени што новите датуми се совпаѓаат со нашата 10-годишнина и што ќе можеме да го поминеме со вас“.