„Јули“ е првиот краткометражен филм за земјотресот од 1963-та кој го потресе Скопје. Филмот е во режија на Сезер Салихи, додека пак инспирацијата за истиот доаѓа од приказната на неговото семејство. Премиерата на филмот беше на 26.07 во МКЦ.
„Постефектот од земјотерсот кај мене влијаеше повеќе бидејќи мојт дедо и мојата баба и моите претци беа на некој начин настрадани во земјотресот па после се префрлени во Буутел 1.Бутел 1 е изградена за жртви.“, вели Салихи.
Главн лик во филмот е Метин чиј родеденден се слави во филмот на ден пред земјотресот. Самиот филм е работен со интернационална екипа од Косово, Турција и Македонија.