Што се случува со Борат од Казахстан!?
После „бурата“ што ја предизвика Борат во 2006, Sacha Baron Cohen – известувачот од Казахстан, исчезна во период од 15 години, се до минатата година кога се врати во Borat Subsequent Moviefilm што зачудувачки можеби е и подобар од првиот дел. Сепак овој успех не значи дека Борат повторно наскоро ќе се врати.
Sacha Baron Cohen објасни зошто го вратил Борат минатата година и покрај тоа што пандемијата била закана за завршувањето на филмот: „Чувствував дека демократијата е во опасност, чувствував дека животот на луѓето е во опасност и се чувствував принуден да го завршам филмот. Филмот првично требаше да укаже на опасноста од Трамп и Трампизмот. Она што го покажа коронавирусот е дека Трамп има смртоносен ефект во ширењето лаги и теории на заговор“.
Cohen чувствуваше одговорност да го искористи Борат за да привлече внимание на нешто „гадно“ што се случуваше во Америка, исто како што тоа го стори со оригиналниот филм Борат за време на претседателството на Џорџ Буш. Тој ја одложи продукцијата на продолжението за да може да работи заедно со Aaron Sorkin за да ја раскаже релевантната приказна за Судскиот процес за Чикаго 7. За жал, тој не очекуваше дека КОВИД-19 ќе ги блокира неговите планови за комплетирање на продолжението на Борат. За среќа, тој и неговиот тим смислија начин како тоа да се случи среде пандемијата.
Wind: 8km/h NNE
Humidity: 82%
Pressure: 1021mbar
UV index: 0
4°C
3°C
4°C
5°C
12°C / -2°C
15°C / -1°C
13°C / 3°C
15°C / 6°C