Фестивалот за музика и уметност Coachella се одложува по трет пат по ред. Ова беше објавено во петокот, откако службеникот за јавно здравје во Риверсајд д-р Камерон Кајзер потпиша одлука со која се откажаа датумите на настанот во април 2021 година.
Се очекуваше Coachella да се врати во Indio, Калифорнија, на 9-11 и 16-18 април. Првичните датуми на фестивалот во 2020 година беа поместени за октомври истата година, пред тој да биде целосно откажан. 2020-та беше прва година, после 2000-та, кога фестивалот Coachella не се одржа. Travis Scott, Frank Ocean и Rage Against the Machine беше планирано да бидат главните изведувачи на фестивалот во 2020 година. Не е јасно како ќе се измени овој состав за идното издание на фестивалот.
За време на радио интервју овој месец, градоначалничката на Палм Спрингс, Кристи Холстејџ, рече дека предвидува дека настаните од големи размери, како Coachella, ќе бидат поместени за наесен.
„Ние сме фокусирани да се осигураме дека сите носат маски и се спроведуваат што е можно повеќе од рестрикциите, за да можеме да ги чуваме нашите жители безбедни и да имаме светла иднина за неколку месеци кога ќе можеме повторно да се отвориме“, објасни таа . „Се надеваме дека тие настани ќе бидат презакажани за есента оваа година.”
Организаторите на Coachella допрва треба да објават нови датуми за 2021 година.