Оваа недела на 7-ми февруари се оддржа јубилејниот Super Bowl. Главниот настап на полувремето го изведе спектакуларниот The Weeknd.
Настапот започна со истоимента нумера од албумот Starboy кој The Weeknd го објави во 2016 година. Потоа, со текот на неговиот перформанс тој испеа уште неколку нумери, кои на некој начин ја претставуваа неговата кариера низ последните години. И на крајот, целиот настап заврши со неговиот неодамнешен сингл Blinding Lights од албумот After Hours кој го објави во март 2020 година.
„Со години не сум настапувал пред публика, затоа е возбудливо конечно да се изведе ваков настап пред толкава толпа.“, рече Abel на Kay Adams пред емитувањето на изведбата во недела навечер.
На прашањето дали гледал класични моменти од Super Bowl од претходните години како подготовка за сопствениот настап, Abel потврди дека навистина ги гледал сите. „Ги гледав сите, да бидам искрен со тебе“, рече тој. „Претходно реков дека омилен ми е настапот на Diana Ross“.
Она што е навистина интересно е самата реакција на фановите, како и на повеќето гледачи на овој настан во неделата. За време на настапот и поради начинот на кој што беше сниман истиот, фановите на Twitter започнаа да прават memes, со што го направија настанот незаборавен.