Celeste Epiphany Waite (родена на 5 мај 1994 година) е британска пејачка и текстописец. Во 2019 година, таа стана петтиот уметник кој ја освои Rising Star наградата на Brit Awards.
Нејзиниот деби-албум Not Your Muse беше објавен во 2021 година на 29 јануари и дебитираше на бр. 1 на табелата албуми во Велика Британија. Овој албум ги заработи нејзините номинации за Албум на годината, Најдобар женски соло изведувач и Најдобар нов изведувач на Brit Awards . Таа исто така беше номинирана и за Оскар за најдобра оригинална песна за Hear My Voice од филмот „ The Trial of the Chicago 7 (2020 година).
Celeste ја започна својата кариера во 2014 година создавајќи вокали за електронски продуценти како што се Avicii, Tieks и Real Lies, додека на страна самостојно објавуваше содржини на SoundCloud. Дебитираше самостојно преку етикетата на Lily Allen, Bank Holiday Records, со албумот The Milk & the Honey во 2017. Откако потпиша со Polydor Records во 2018 година, таа го издаде својот втор албум Lately 2019.
Нејзиниот уникатен глас и неверојатна енергија го истакнуваат нејзиниот огромен талент. Многу од нејзините фанови како и некои од нејзините колеги – уметници сметаат дека таа е многу талентиран артист кој е суште во подем, и го нема целосно реализирано својот целосен потенцијал.
Доколку сте расположени за микс од британски soul, R&B и малку алтернативна музика тогаш Celeste е артистот за вас.