„Прашливи цвеќиња“ е игран филм на Мирослав Илиќ. Премиерата беше закажана за 9 април во киното „Фросина“, во Младинскиот културен центар, а влезот беше бесплатен. Овој краткометражен филм е во продукција на Марсбен“ и на Факултетот за aудиовизуелни уметности ЕФТА.
Илиќ вели дека сценариото за самиот филм го пишувал релативно долго околу две години, поради причина што ликовите и настаните „се менуваа често“. Надополнува дека филмот не е со експлицитана порака, но дека пренесува сублимални елементи и чувства.
„…На тој начин сакам да ја потенцирам идејата за тоа колку е круцијално да се живее „овде и сега“ и не по секоја цена да се трча по „идеалниот-јас“. Покрај ова, преку двата лика сакав да претставам како според мене таа состојба би влијаела на меѓучовечките односи и на процесот на освестување на истата состојба.“ вели Илиќ.
Главните улоги ги толкуваат: Сара Анастасовска, Стефан Вујисиќ, Арна Шијак и Христина Цветаноска.
Овој филм веќе доби неколку филмски признанија, вклучувајќи Награда за најдобар краткометражен филм во Словачка, како и награда за Најдобар краток драма филм во Турција.