Таткото на Nicki Minaj, Robert Maraj, починал откако го удрил автомобил во несреќа што се случила во Лонг Ајленд, Њу Јорк. Тој имаше 64 години.
Според полицијата во Nassau County, Maraj се движел меѓу Roslyn Road и Raff Avenue во околу 18 часот во петокот, кога бил удрен од возило кое веднаш избегало од местото на настанот. Тој бил итно пренесен во блиската болница каде починал за време на викендот.
Властите сè уште не добиле значаен опис на автомобилот од сведоците, додека пак истражителите бараат помош од јавноста за идентификување на возилото.
Последните неколку месеци беа ролеркостер од емоции за Nicki. Кон крајот на септември раперката го роди своето прво дете со нејзиниот сопругот Kenneth Petty. Таа на социјалните мрежи објасни што за нејзе значеше да стане мајка. „Да се стане мајка е најисполнувачката работа што сум ја доживеала некогаш“, рече таа. „Испраќам љубов на сите суперхеројски мајки таму. Голема прегратка за сите жени кои биле бремени во ова предизвикувачко време “.
Minaj исто така беше тужена и за 200 милиони долари од раперот Jawara Headley затоа што се чувствуваше дека таа да треба да биде заслужна за продуцирањето на песната Rich Sex, од нејзиниот албум во 2018 година – Queen.
Minaj допрва треба да даде јавна изјава за смртта на нејзиниот татко.