Роден во Јонкерс, Earl Simmons – DMX , почина во петокот (09 април) откако доживеа срцев удар како последица на предозирање со дрога. Тој имаше 50 години.
Од 4 април, DMX беше на апарати за животна поддршка и беше во „вегетативна состојба“, според неговиот поранешен менаџер.
DMX, беше легендарниот рапер кој помогна во изградбата на етикетата Ruff Ryders во доцните 90-ти и стана вистинска легенда и икона за рап сцената.
„Ние сме навистина тажни да објавиме денес дека нашата сакана личност, ДМХ, родено име – Earl Simmons, почина на 50-годишна возраст во болницата Whute Planes со своето семејство покрај него, откако беше ставен на животна поддршка изминатите неколку дена . Earl беше воин кој се бореше до самиот крај. Тој го сакаше своето семејство со целото свое срце и ги цениме времињата што ги поминавме со него. Музиката на Ерл инспирираше безброј обожаватели низ целиот свет и неговото иконско наследство ќе живее засекогаш. Ја цениме целата љубов и поддршка во ова неверојатно тешко време. Ве молиме почитувајте ја нашата приватност бидејќи жалиме за загубата на нашиот брат, татко, чичко и човекот што светот го познаваше како DMX. Ќе споделиме информации за неговиот помен, откако ќе бидат финализирани деталите.“ јавно напиша неговото семејство.